ОБЈАВЕНА Е ЛИСТАТА НА НАЈМОЌНИ ПАСОШИ ВО СВЕТОТ Еве на кое место се најде македонскиот

За оваа листа, примарниот одлучувачки фактор за одредување колку е „моќен“ пасошот е во колку земји може да влезе носителот на пасош без виза.

737

Македонскиот пасош се најде на 40 место заедно со пасошите на  Црна Гора и  Маршалските Острови на ранг листата на компанијата Henley & Partners за 2025 година која ја покажува „моќта“ на пасошите во однос на тоа во колку земји  имателот на овој пасош може да патува без виза.

Македонскиот пасош според ова рангирање овозможува безвизен пристап  до 129 дестинации во светот.






Индексот за пасоши на Хенли е најшироко цитираното рангирање на пасоши и се заснова на ексклузивни и официјални податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА). За оваа листа, примарниот одлучувачки фактор за одредување колку е „моќен“ пасошот е во колку земји може да влезе носителот на пасош без виза.

На листата на Хенли за 2025 година се рангирани 199 пасоши во светот.

Од регионот најдобро позиционирани се Грција на шестото и  Словенија на 10 место. Хрватска е на 11-то, Бугарија е 15-та, Србија 34-та. Пасошот на Албанија е на 43 позиција, на Босна и Хрцеговина на 44, а на Косово е 63-ти.

Сингапур е прв на листата. Имателите на таа црвена патна исправа уживаат безвизен пристап до 195 од 227 дестинации низ светот.

На второто место е Јапонија, а „сребрениот медал“ го обезбеди благодарение на враќањето на безвизниот пристап за Кина, првпат по завршувањето на пандемијата на корона вирусот. Имателите на јапонски пасоши можат да посетат 193 дестинации без виза.

Членките на Европската унија Франција, Германија, Италија и Шпанија го заземаат третото место заедно со Финска и Јужна Кореја, чии пасоши овозможуваат патување до 192 дестинации без потреба од визи.

Четвртата позиција во рангирањето ја покажува силата на безграничната Шенген зона, која обезбедува слободно движење за повеќе од 425 милиони граѓани на ЕУ. Вклучува седум земји од ЕУ, од кои секоја има безвизен пристап до 191 дестинација: Австрија, Данска, Ирска, Луксембург, Холандија, Норвешка и Шведска.

На петтото место се Белгија, Нов Зеланд, Португалија, Швајцарија и Обединетото Кралство – сите со безвизен пристап до 190 дестинации, пишува CNN.

На спротивниот крај на скалата, на 106. место, Авганистан останува на самото дно со безвизен пристап до само 26 дестинации, за две места помалку од претходната година. Сирија е на 105 место (27 дестинации), додека Ирак е на 104 место (31 дестинација).

Ранг листа на првите 10 најмоќни пасоши во 2025 година.

1. Сингапур (195 дестинации)

2. Јапонија (193)

3. Франција, Германија, Италија, Шпанија, Финска, Јужна Кореја (192)

4. Австрија, Данска, Ирска, Луксембург, Холандија, Шведска, Норвешка (191)

5. Белгија, Нов Зеланд, Португалија, Швајцарија, Обединетото Кралство (190)

6. Грција, Австралија (189)

7. Канада, Полска, Малта (188)

8. Унгарија, Чешка (187)

9. Естонија, Соединетите Американски Држави (186)

10. Литванија, Латвија, Словенија, Обединетите Арапски Емирати (185)

 

 

Поврзани содржини