🎥 ОБЈАВЕНА ДОСЕГА НЕВИДЕНА СНИМКА ОД УРИВАЊЕТО НА СТАРИОТ МОСТ ВО МОСТАР Ја чувал хрватски генерал осуден за воени злосторства

По повод 30-годишнината од гранатирањето и уривањето на Стариот мост, Мостар Меморијал и Музеј објави досега невидена снимка од ова злосторство врз градот на Неретва.

983

Пред точно 30 години на денешен ден беше урнат Стариот мост во Мостар, во Босна и Херцеговина.. Симболот на градот на Неретва беше урнат со артилериски оган од припадниците на Хрватската армија и Хрватскиот совет за одбрана (ХВО) од ридот Хум.

По повод 30-годишнината од гранатирањето и уривањето на Стариот мост, Мостар Меморијал и Музеј објави досега невидена снимка од ова злосторство врз градот на Неретва.






Како што се наведува во објавата од мостарскиот Музеј на социјалните мрежи,  снимката наводно ја чувал Слободан Праљак, поранешен генерал на ХВО, кој е осуден на Меѓународниот суд за воени злосторства.

„Гранатирањето на Стариот мост започна 20 дена порано, а се интензивираше на 8 ноември 1993 година.м Беше стрелано од блиските планински височини на Планиница и Стотина со гранати со голема разорна моќ. Гранати паѓаа и врз кулите Тара и Халебинка, кои се своевидна статичка тежа за мостот.

Цела улица со продавници наречена Кујунџилук целосно исчезна. Гранатите два дена по ред, дел по дел интензивно го уриваа мостот. Во 10:16 часот на 9 ноември се урна ремек-делото на Мимар Хајрудин. Падна во студената Неретва“ – стои во објавата на мостарскиот Музеј како потсетување на страшните воени денови пред 30 години.

Реставрацијата на Стариот мост, симбол на градот Мостар, финансирана од Турција, Хрватска, Италија, Холандија, Светската банка, Европската банка за обнова и градот Мостар, започна во 2003 година.

Поврзани содржини