ОБЈАВЕНА 3Д-СЛИКА ОД ОМИКРОН-СОЈОТ Има 50 мутации, но не значи дека е поопасен

Тоа не значи автоматски дека овие варијации се поопасни, туку едноставно дека вирусот дополнително се прилагодил на човечкиот вид, создавајќи друга варијанта, се додава во соопштението на научниците.

952

3Д-слика на омикрон-сојот, објавена од болницата Бамбино Гесу во Рим, открива дека оваа варијанта има многу мутации концентрирани во шилестиот протеин(S) – делот од вирусот што му дозволува да навлезе во човечките клетки, пишува Блиц.

„Можеме јасно да видиме дека омикрон-сојот има многу повеќе мутации од делта-сојот, концентрирани првенствено во една област од протеинот која е во интеракција со човечките клетки“, се вели во соопштението на научниците.






фото: твитер/принтскрин

Тоа не значи автоматски дека овие варијации се поопасни, туку едноставно дека вирусот дополнително се прилагодил на човечкиот вид, создавајќи друга варијанта, се додава во соопштението.

Научниците пронајдоа околу 50 мутации во омикрон-сојот, од кои 30 се на протеинот Ц, а половина во доменот на врзување на рецепторите, поточно делот што се врзува за ACE2 рецепторот на човечките клетки преку кои вирусот навлегува во ткивата.

Црвените точки на сликата, велат истражувачите, укажуваат на области со „многу висока варијабилност“, додека портокаловите оние со „висока променливост“ и жолтите со „средна променливост“. Зелените точки покажуваат мала разлика помеѓу двете варијанти, додека сивата зона ги прикажува деловите кои не се разликуваат.

– Ген со повеќе мутации му дава на омикронот повеќе можности да избегнува лекови или вакцини кои го таргетираат протеинот на тој ген – вели професорот од Харвард, Дејвид Р. Лиу.

Како што рече тој, шилестиот или т.н. спајк-протеин на омикрон-сојот силно мутирал, а тоа може да биде загрижувачко, бидејќи вакцините и лековите главно го таргетираат тој протеин.

Тој додаде дека се потребни повеќе истражувања.

Поврзани содржини