ОБЈАВЕН ТЕНДЕР ЗА КОМПРЕСОРИТЕ КОИ НЕ РАБОТАТ Се работи на решение за хируршките сали на Клинички, вели Таравари
Таравари, меѓу другото, на средбата со новинарите најави дека за најмногу две недели ќе има нова Позитивна листа, но и модернизирање на јавното здравство, мобилни екипи за граѓаните да пријавуваат директно проблеми во здравството, преговори со доктори за работа во периферијата и друго.
Полека се наоѓа решение за проблемот со хируршките сали на Клиничкиот центар. Веќе е објавен тендер за компресорите кои не работат. Максимум времето до кога треба да се поправи и да се завршат и да се вратат во функција се надевам дека ќе биде крајот на декември.
Во меѓувреме ние ќе инсистираме доколку може што поскоро да заврши да бидат функционални салите на хирургија во Клиничкиот центар, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари, кој имаше средба со новинарите.