Објавен тендер за изградба и санација на локални улици и патишта во 17 општини
Ова е дел од проект на изградба и санација на локални патишта во 81 општина во земјава и во град Скопје, кој опфаќа преку 400 километри локална патна инфраструктура во вредност од околу 70 милиона евра.
Министерството за транспорт и врски го објави првиот тендер за изградба и санација на локални улици и патишта во 17 општини, како прва фаза од проектот „Македонија без кал“. Со неа се опфатени 28 локални улици во должина од 23, 6 километри, во вредност од 4,5 милиони евра.
Ова е дел од проект на изградба и санација на локални патишта во 81 општина во земјава и во град Скопје, кој опфаќа преку 400 километри локална патна инфраструктура во вредност од околу 70 милиона евра.
– Во оваа прва фаза ќе се работат 28 локални улици во должина од 23, 6 километри и во вредност од 4,5 милиони евра. Веднаш по завршувањето на тендерската постапка и роковите за избор, наесен започнуваме со градежни работи и тоа: 6 улици во Богданци, три во Кавадарци, по две улици во Ѓорче Петров, Неготино и во Тетово, по една во Карпош, Кисела Вода, Илинден, Кочани, Кратово, во Македонски брод, локален пат до селото Жубовце во Врапчиште, како и во Прналија-Шупуѓе во Радовиш, до село Слоешица во Демир Хисар, локалниот пат од Долно до Горно Липовиќ во Конче, неколку улици во селото Дворише во Берово и оваа улица на која во моментов се наоѓеме, улицата Мице Козарев во Прилеп – најави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Тендерската постапка е во тек, рокот за поднесување на понудите е до 18 август, по што следува евалуација на понудите, договор со изведувач и почеток со градежните работи.
Во оваа фаза се влезени само општините коишто до министерството доставиле готови ревидирани проекти, откако за тоа министерот апелираше во изминатиот период и тие веднаш беа одобрени од Светска банка.