ОБЈАВЕН ПРОМЕТОТ НА ТРГОВЦИТЕ ВО МАРТ Трговијата со храна бележи пораст на прометот, а како стојат другите

Податоците се однесуваат на март годинава во однос на март минатата година. 

67

Зголемување од 1,3% на прометот во Трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун и од 0,4% во Трговијата на мало со автомобилски горива регистрира Државниот завод за статистика (ДЗС) во март годинава во однос на март минатата година.

Прометот во трговијата на мало во март 2025 година, во споредба со март 2024 година, гледано по групи и класи изгледа вака:






Во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемен за 4,3%, а реално за 1,3%,

Во трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво е зголемен номинално за 0,9%, а реално опаѓа за 2,3%,

Прометот во трговија на мало, освен трговија со горива номинално е зголемен за 2,6%, а реално е намален за 0,5%, а во трговија на мало со автомобилски горива е зголемен реално за 0,4%, а номинално опаѓа за 6,5%.

Поврзани содржини