Понудите на повикот треба да се достават електронски, заверени, потпишани од страна на одговорно лице и во скенирана форма на следната е-маил адреса: [email protected]
Лицата кои ќе се пријават на повикот, при влез во авионот ќе потпишат договор со кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата на Република Северна Македонија и ќе пополнат Изјава дека се согласни по пристигнување во држвава да бидат сместени во објектите за државен карантин во траење од 14 дена.
Лицата ќе бидат преземени од Меѓународниот аеродром Скопје, со организиран превоз до местата определени за државен карантин.
Лицата кои ќе патуваат имаат рок од 15 дена од денот на пристигнувањето да извршат уплата на сумата за авиобилетите согласно склучениот договор. Враќањето на средствата треба да го извршат на образец ПП-50 во кој треба да ги внесат следните податоци:
Буџет на Република Северна Македонија
Транс.сметка 100 000000063095
Сметка на корисник 630010001963019
Приходно конто 725939 00
Во цел на дознака: Враќање средства на сметка 040010007863713, расходно конто 420220 потпрограма 10.-Договорот помеѓу патниците и Владата на Република Северна Македонија, во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата на Република Северна Македонија има својство на извршна исправа и може да биде предмет на извршување во случај на неисполнување на обврската од договорната страна, стои во соопштението.
За дополнителни информации понудувачите може да се обратат до Генералниот секретаријат на Владата, на телефонот 02/3118-022