Објавен конкурс за идејни решенија за три летни сцени во Градскиот парк

На конкурсот ќе бидат доделени три главни награди во бруто износ од 70.000 денари за секоја локација

303

Градот Скопје објави конкурс за избор на три партерни идејни решенија за „Летна отворена сцена“ на три локации во зелениот појас на Градскиот парк. Целта, како што соопштија од Градот,  е со дефинирање на локациите на Летната отворена сцена во партерното уредување да се зголемат содржините во паркот и на тој начин да стане еден несекојдневен природен амбиент, поинвентивен и попривлечен за посетителите.

Идејните решенија се однесуваат на три локации. Првата е површината во Градки парк Скопје која се наоѓа во првиот дел на паркот, односно во непосредна близина на езерцето, втората локација е спроти Сточарски институт и третата локација во вториот дел на паркот, односно во непосредна близина на езерцето, спроти Кајак Кану клубот „Илинден 90.






„Идејата е да се запази природниот амбиент на наведените три локации на кои ќе се постави оваа летна сцена, односно, да се искористат рељефните содржини на самите локации за поставување на гледалиштето наспроти сцената“, се наведува во соопштението.

Идејните решенија треба да се достават најдоцна до 16 јуни во 12.00 часот во Град Скопје – Барака 1а.

На конкурсот ќе бидат доделени три главни награди во бруто износ од 70.000 денари за секоја локација.

Поврзани содржини