ОБЈАВЕН Е СПИСОКОТ НА САНКЦИОНИРАНИТЕ ПОДРУЖНИЦИ НА „ЛУКОИЛ“ И „РОСНЕФТ“ Дали и „Лукоил Македонија“ е под санкции засега е непознато

Основачи и содружници во компанијата во Македонија се  „Литаско СА (100%) и  ,„Лукоил интернешнл МБХ“.

735

САД вчера воведоа санкции на руските компании „Роснефт“ и „Лукоил“ и  како што беше соопштено тие треба да придонесат за зголемување на притисокот врз енергетскиот сектор на Русија и да се намали можноста Русија да ги користи приходите од двете компании за финансирање на војната во Украина

– Сега е време да се запре убивањето и за итно прекин на огнот. Со оглед на одбивањето на претседателот Путин да ја заврши оваа бесмислена војна, Министерството за финансии ги санкционира двете најголеми нафтени компании во Русија кои ја финансираат воената машина на Кремљ. Министерството за финансии е подготвено да преземе понатамошни мерки доколку е потребно за да ги поддржи напорите на претседателот Доналд Трамп да стави крај на уште една војна. Ги охрабруваме нашите сојузници да ни се придружат и да се придржуваат кон овие санкции – изјави секретарот на Министерството за финансии Скот Бесент.






Министерството за финансии на САД објави и листа на подружниците на „Роснефт“ и „Лукоил“ кои се под санкции и дополнително појасни дека сите субјекти во сопственост на 50% или повеќе, директно или индиректно, од Роснефт и Лукоил се блокирани согласно E.O. 14024, дури и ако не се назначени од OFAC.

Групацијата „Лукоил“  во земјава е работи преку друштвото – ќерка „Лукоил Македонија“ кое е дел од Балканска меѓурегионална група на компании и врши продажба на големо и мало на нафтени деривати.

Компанијата во земјава е присутна од 2005 година и има мрежа од 40 бензински станици и еден нафтен склад. Вработува околу 550 лица.

Компанијата на македонскиот пазар продава еколошки горива, од петта генерација, произведени во рафинеријата „Лукоил-Нефтохим Бургас“ за која  бугарскиот премиер Росен Железков  изјави дека Бугарија има рок до 21 ноември да одлучи за нејзината иднина.

Железков нагласи дека санкциите во моментов нема да влијаат врз производството или снабдувањето со нафтени производи во Бугарија, но предупреди дека рафинеријата, поради нејзиното повеќе од 50% руско сопствеништво, технички е под санкции.

Основачи и содружници во компанијата во Македонија се  „Литаско СА (100%) и  ,„Лукоил интернешнл МБХ“.

Досега нема информации дали и друштвото на „Лукоил Македонија“ е под санкции.

Плусинфо неколку пати утрово се обиде да добие информација од компанијата.

 

Поврзани содржини