ОБЈАВЕН Е НОВ ПОВИК ЗА ИСКОП НА ЈАГЛЕН ВО РЕК БИТОЛА За 20 дена ќе се знае кој дал понуда
Директорот на ЕСМ појасни дека сега согласно претходно спроведена постапка привремен економски оператор е „Топлина“ од Подмоље, кој единствено врши ископ јаглен во рудникот Брод Гнеотино.
Повторениот јавен повик за ископ на јаглен во РЕК Битола е објавен на 28 јануари годинава и веќе течат роковите за поднесување на понуди, информира денеска генералниот директор на АД ЕСМ Лазо Узунчев.
-Повторно се работи за отворен повик со скратен рокови од 20 дена. Очекуваме по истекот на 20. дена да видиме кој се има поднесено понуди и да извршиме евалуација на новиот економски оператори – рече Узунчев во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.
Тој појасни дека сега согласно претходно спроведена постапка привремен економски оператор е „Топлина“ од Подмоље, кој единствено врши ископ јаглен во рудникот Брод Гнеотино.