ОБЈАСНЕТЕ ЗОШТО ЗАБРАНУВАТЕ МЕДИУМИ ДА СЛЕДАТ НАСТАН? ЗНМ бара Владата да се освести

388

Здружението на новинарите на Македонија остро го осуди селективниот пристап на Владата за акредитирање на одредени медиуми за следење на настанот на кој ќе се одбележува 151-та годишнина од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Доцна попладнево, дел од македонските медиуми добија негативен одговор на нивното барање за акредитација на овој настан, без никакво дополнително објаснување, иако апликациите биле поднесени во бараниот рок.






„По денешните забрани за пристап до локацијата каде што ќе се одржи одбележувањето на овој значаен датум, ЗНМ денеска по вторпат реагира за ситуација во која што новинарите се спречени да ја вршат работата професионално, што пак носи ризик од недоволна информираност на јавноста. Потсетуваме дека новинарите и медиумските работници имаат право да бидат присутни на настан од јавен интерес бидејќи тоа е дел од нивната работа, исто како и сите други јавни функционери кои ќе бидат дел од манифестацијата“, се наведува во соопштението.

ЗНМ вечерва испрати и допис до Владата во кој бара да се објасни и воедно да се промени одлуката за акредитирање на конкретните медиуми, со цел тие да можат утре да го проследат настанот.

Поврзани содржини