ОАЕ донираше 10 тони медицинска опрема за македонското здравство

Донацијата се состои од заштитни маски, скафандери, визри, заштитни наочари и ковид тестови од Обединетите арапски емирати.

270

Во духот на билатералните пријателски односи меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати вчера на аеродромот во Скопје пристигна 10 тони помош за борбата против пандемијата предизвикана од коронавирусот.

– Доделената помош е во рамките на Емиирејтс еид (ЕMIRATES AID – COVID19 GLOBAL RESPONSE) под покровителство на Шеикот престолонаследник и заменик врховен командант на вооружените сили на ОАЕ, Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан, принцот на Абу Даби – се вели во соопштението од Министерство за здравство.






Оттаму велат дека донацијата се состои од заштитни маски, скафандери, визри, заштитни наочари и ковид тестови од Обединетите арапски емирати. Опремата и тестовите во текот на наредните денови ќе бидат распределени низ болниците во земјава.

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче се заблагодари за оваа донација посочувајќи дека во време кога целиот здравствен систем секојдневно се бори со зголемениот број на пациенти од вирусот ковид-19, секоја помош е добредојдена.

Поврзани содржини