ОЈО СО ПРВИ ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КАРПОШ Наредена обдукција по смртта на мајката и детето

Јавен обвинител нареди обдукција и прибирање докази, додека се разговара со лица кои може да имаат сознанија за трагедијата.

3,856

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид во скопската населба Карпош, каде по пад од висококатница починале жена и малолетно дете.

Од Обвинителството информираат дека обвинителот наредил обдукција на телата на починатите, како и прибирање траги и други материјални докази со цел целосно расветлување на настанот.






Во тек се разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините и околностите под кои се случила трагедијата.

Од надлежното обвинителство засега не соопштуваат дополнителни детали, а истрагата продолжува.

Поврзани содржини