ОЈО КОПА ПО ИЛЈАДНИЦИ ДОКУМЕНТИ ВО ЧАИР Постои сомнеж дека е фалсификувана книгата за легализации

Од ОЈО велат дека во рамки на истрагата, веќе биле испрашани повеќе службени лица од општината, како и дел од граѓаните кои поднеле барања за легализација на дивоградби на територијата на Чаир.

6,654

Обвинителството отвори предмет за можен фалсификат на деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир, потврдија од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

„Предметот е оформен и веќе се преземаат дејствија на проверки“, соопштуваат од ОЈО, додавајќи дека е обезбедена обемна документација од неколку институции, меѓу кои Општина Чаир, Министерството за транспорт и врски, Државниот управен инспекторат и Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.






Оттаму додаваат дека во рамки на истрагата, веќе биле испрашани повеќе службени лица од општината, како и дел од граѓаните кои поднеле барања за легализација на дивоградби на територијата на Чаир. Процесот на прибирање на вербални докази сè уште трае.

По завршување на предистражната постапка и анализа на сите докази, обвинителството ќе донесе соодветна одлука за натамошниот тек на постапката.

Поврзани содржини