ЈО ДА ЈА ЗАПРЕ ПОСТАПКАТА ЗА НАДЗОРОТ НА КОРИДОРОТ 8 Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека треба да се спречи раскрчмувањето на народните пари

ВМРО-ДПМНЕ смета дека секое непостапување на ЈО само ќе го загрози државниот интерес и парите на граѓаните.

401

И според Транспаренси изборот на надзорот на Коридорите 8 и 10Д е „матен”, само на ЈО му требаат месеци за да побара запирање на работите, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата бара обвинителството да ја запре работата на надзорот и да спроведе истрага, а не да чека еден месец за да каже дека води истрага.






„Наместо штури објаснувања, ЈО да побара запирање на работите на надзорот и да спроведе брза истрага, која ќе гарантира дека парите на народот не се раскрчмуваат со матни зделки, и ќе санкционира секаква нерегуларност. Власта го компромитираше целиот процес со надзорот. Со амин на (Артан) Груби фирма која до вчера произведувала долна облека сега ќе врши надзор над проект тежок милијарди. Истиот тој Груби сега е назначен за координатор на проектот, а надзорот за кој постојат бројни обвинувања непречено почна да наплаќа милиони од државна сметка. Затоа секое непостапување на ЈО само ќе го загрози државниот интерес и парите на граѓаните, и тоа исто како и целиот процес ќе бидат дел од ревизија по промена на власта“, се наведува во соопштението.

Поврзани содржини