📽 ОЏАТА ОД АРАЧИНОВО ДОБИ МЕРЦЕДЕС КАКО ПОДАРОК ЗА БАЈРАМ Граѓаните се револтирани, парите можеле да одат за сиромашните
„Мерцедесот“ е подарок од советници и од жители на Арачиново.
Оџата од Општина Арачиново за муслиманскиот празник Рамазан Бајрам добил подарок автомобил „мерцедес“ како благодарница за неговиот придонес за арачиновци.
„Мерцедесот“ е подарок од советници и од жители на Арачиново.
Во повеќето коментари на споделеното видео на социјалните мрежи, граѓаните го критикуваат чинот и сметаат дека место „мерцедес“ за оџата на џамијата „Мираџ“, со парите можело да им се помогне на многумина со храна или со покрив над главата.