Нуров загуби, но останува во игра за бронзата
Македонскиот борач има шанса да се бори за бронзениот медал преку репасажот, но тоа ќе зависи од резултатот на Салас Перес во полуфиналето.
Борачот Магомедгаџи Нуров, втората македонска надеж за медал на Олимписките игри во Токио, ја изгуби четвртфиналната борба со Кубанецот Реинерис Салас Перес со 4:6, но останува во игра за бронза.
Нуров, кој се натпреварува во категоријата до 97 килограми, го почна настапот во Токио со убедливата победа над Тунижанецот Мохамад Садауи со 5:0. Тој има шанса да се бори за бронзениот медал преку репасажот, но тоа ќе зависи од резултатот на Салас Перес во полуфиналето.
Нуров е еден од двајцата македонски спортисти кои настапуваат во Токио со обезбедена норма, покрај теквондистот Дејан Георгиевски.