📽️ НУРКИЌ НАПРАВИ ХАОС, ПО ТЕПАЧКАТА ЗАВРШИ НА ПОДОТ Тупаници и исклучувања во дербито во НБА лигата

Ситуацијата започна кога судиите досудија офанзивен прекршок на Јусуф Нуркиќ. По ова, босанскиот кошаркар пријде до Наји Маршал и го удри со шлаканица. Тој му возврати со удар по што Нуркиќ падна на паркетот.

633

Синоќешната пресметка во НБА помеѓу екипите на Феникс санс и на Далас маверикс (98-99) ќе остане запаметен по инцидентот на теренот што резултираше со општа тепачка.

Ситуацијата започна кога судиите досудија офанзивен прекршок на Јусуф Нуркиќ. По ова, босанскиот кошаркар пријде до Наји Маршал и го удри со шлаканица.






Играчот на Далас возврати со удар, по што Нуркиќ падна на земја. Судиите брзо реагираа, одлучувајќи да ги исклучат двајцата кошаркари, а кон нив се приклучи и Пи-Џеј Вашингтон.

 

Додека Нуркиќ и Маршал си разменуваа удари на теренот, Кајри Ирвинг се прослави со својата реакција.

Плејмејкерот остана шокиран, не мрдна кога се случуваше тепачката, момент кој лесно се прошири на социјалните мрежи.

– Бев малку збунет, сè се случи брзо. Во такви моменти важно е играчите да се заштитат, да се заштитат меѓусебно каде и да се, на улица или на кошаркарски терен, треба да кренете раце и да се браните. Ќе се погрижам за нивните казни, за Пи Џеј и Маршал. Понекогаш ваквите работи се дел од кошарката – истакна Ирвинг кој во отсуство на Лука Дончиќ е прва ѕвезда на составот од Тексас.

 

Поврзани содржини