Нуркачите од Амфора го одбележаа Денот на планетата земја со чистење на езерото кај Градиште

215

​Денес, 22 Април, се одбележува 50 годишнината на Денот на планетата Земја. Целта на овој настан е подигнување на свеста кај луѓето за чување на планетата Земја, заштита на животната средина и почиста околина. По тој повод нуркачите од нуркачкиот центар Амфора денес се приклучија кон оваа глобална иницијатива со чистење на дното на езерото кај Музејот на вода, Градиште, соопшти Амфора.

Меѓународната нуркачка асоцијација Scuba Schools International која се вклучува во вакви инцијативи одбележува 50 годишен јубилеј од своето постоење.






Честитки до двете организации за нивниот придонес во поттикнување на глобалната свест за заштита на животната средина.

Поврзани содржини