Работиме континуирано на зачувувањето на пределската разновидност и биодиверзитетот во државата, а во изминатиот период одбележавме и низа достигнувања на ова поле, порача министерот за животна средина Насер Нуредини во неговата изјава по повод одбележувањето на 5 јуни – Денот на животната средина.
-Драго ми е што светот оваа година го одбележува 5 Јуни, Денот на животната средина, во знакот на природата. Нашата држава изобилува со природни реткости, ја имаме среќата да сме обдарени со богат биодиверзитет, но истовремено имаме и обврска да го зачуваме. Останува да продолжиме со сериозни напори за остварување на заштитата и одржување на фокусот кон овие активности, зашто сега повеќе од било кога: Време е за природата – вели Нуредини во изјавата.