НУЛА ОТПАД ЗА ПОЧЕТНИЦИ Дајте им нова шанса на старите работи
Платнени торби за повеќекратна употреба, стаклена амбалажа, рачно изработена козметика, компостирање и избегнување на супермаркетите, би можело да се каже дека се почетен пакет за личност која сака да го намали производството на ѓубре и на тој начин да ѝ помогне на животната средина.
Сите сме свесни за фактот дека планетата буквално плива во ѓубре и дека не сме во можност навремено да ја рециклираме количината на ѓубре што се произведува.
Дали некогаш сте се запрашале дали е можно да се живее без создавање отпад? Овде стапува во игра сè попопуларната филозофија Zero waste.
Пристапот кон животот со нула отпад подразбира дека ништо не се фрла и дека за сите работи што мислите дека се истрошени, се обидувате да најдете нова намена или само да им дадете уште неколку шанси. Без разлика дали се работи за храна, текстил или апарати. Скршеното не мора нужно да се фрли, може да се поправи или да има нов живот со друга функција.
Иако до пред сто години постоеше само таков начин на живот, во современиот свет животот без отпад стана речиси незамислив.
Кој е основниот проблем? Едноставно, фрламе повеќе работи отколку што можеме да потрошиме. Органски материјал, текстил, метал, хартија, изберете што сакате, фрламе во огромни количини, а потоа купуваме нов ист материјал, што по проста математика значи дека ги трошиме сите тие ресурси од природата, а со тоа дополнително ја уништуваме.
Нула отпад е движење на кое му се придружија многу луѓе ширум светот. За да го намалат загадувањето, тие наоѓаат начини како да го сведат отпадот на минимум и се многу успешни.
Платнени торби за повеќекратна употреба, стаклена амбалажа, рачно изработена козметика, компостирање и избегнување на супермаркетите би можело да се каже дека се почетен пакет за личност која сака да го намали производството на ѓубре и на тој начин да ѝ помогне на животната средина.
Паметно купување
За почеток, земете платнена торба што можете повторно да ја користите и секогаш носете ја со себе. Во продавниците, сè почесто на касата, го поставуваат прашањето „Сакате ли кеса?“, како да ве потсетуваат дека можете да направите нешто за намалување на пластичниот отпад. Следниот пат, кажете не. Во корист на помалку отпад, купете го она што навистина ви треба, а не она што можеби ќе ви треба. Најверојатно ќе заврши во ѓубрето неискористено.
Ве нервираат пластичните амбалажи од продавниците и треба да отворите безброј за да дојдете до самиот производ? Алтернативата е пазарот. Алтернатива се органските продавници каде производителите нудат производи на големо или во биоразградлива амбалажа што може повторно да се користи.
Донирајте, рециклирајте, повторно употребете
Донирајте стара облека, играчки, книги или садови на оние на кои им се потребни и рециклирајте го она што не можете повторно да го искористите или подарите.
Однесете ги старите чевли кај чевлар, закрпете ги старите работи или, ако навистина ви треба нешто што го немате, купете во продавници за користени производи. Многу големи продавници за облека купуваат стара облека и ја преправаат, а тоа е нешто што е апсолутен моден тренд насекаде низ светот. Зошто да купувате нови работи, кога ни оние старите не сте ги носеле колку што треба.
Што се однесува до хигиената, на пазарот сè почесто се појавуваат сапуни за садови, како и за тело и коса, дури има и шампони за кучиња кои се во форма на сапун, па со самото тоа немаат пластична амбалажа. Сè може да се користи и ништо не е за фрлање. И можете да направите течен сапун од остатоците од старите сапуни кои ви се трупаат низ бањата. Сè што ви треба е топла вода.
Не го мешајте органскиот отпад, како што се лушпи од овошје и зеленчук, со друг отпад. Компостирајте го. Едноставно соберете го во еден сад и можете сами да направите ѓубриво. Сè повеќе компании почнуваат да го отстрануваат органскиот отпад или едноставно можете да го користите за оплодување на домашните растенија или растенијата околу вашиот стан.
Совети за нула отпад
На многумина таквиот начин на живот им изгледа малку екстремистички. Ако сè уште не можете без некои производи за еднократна употреба или не можете сами да направите козметика, она што можете да го направите е да ја намалите количината на ѓубре размислувајќи за купувањето и одвојувајќи го отпадот. Сè што ви треба е трошка креативност и да ви е навистина грижа за ова, па брзо ќе се навикнете на овој начин на живот.