УКРАИНА НЕМА ДА КАПИТУЛИРА Нуклеарниот готовс не го поколеба Кулеба

Нема да се предадеме, нема да капитулираме, нема да предадеме ниту еден сантиметар од нашата територија, изјави Кулеба на прес-конференцијата.

498

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави денеска дека неговата земја нема да „капитулира“ пред Москва, оценувајќи ја како обид за „притисок“ заканата со рускиот нуклеарен арсенал.

– Нема да се предадеме, нема да капитулираме, нема да предадеме ниту еден сантиметар од нашата територија – изјави Кулеба на прес-конференцијата.






Претходно на Твитер, Кулеба се пофали како Русите го срушиле најголемиот украински авион „Мрија“, кој воедно е и најголем во светот, но дека никогаш нема да го уништат украинскиот сон за силна, слободна и демократска европска држава.

„Она што се случува во Украина сега е вистинска народна војна… Ние сме одлучни да возвратиме сѐ додека е потребно за да ја одбраниме нашата земја и нашиот народ“, додаде на Твитер министерот за надворешни работи на Украина.

Поврзани содржини