НУКЛЕАРНАТА ВОЈНА Е НЕЗАМИСЛИВА Гутереш вели дека ОН мора да направат сѐ за да ја спречат
Гутереш порача дека ОН нема да се откажат и дека сакаат мир во Украина „во согласност со повелбата на Обединетите нации“.
Нуклеарната војна е незамислива, изјави генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш во Киев, зборувајќи за можна трета светска војна. Тој во четвртокот за Би-Би-Си изјави дека ОН „мора да направат сѐ што е можно за да го спречат тоа“.
Гутереш порача дека ОН нема да се откажат и дека сакаат мир во Украина „во согласност со повелбата на Обединетите нации“.
– На Украина ѝ треба помош и ја заслужува нашата целосна посветеност и целосна поддршка – рече генералниот секретар на ОН по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Гутереш повика и на отворање коридор за евакуација од украинскиот град Мариупол, велејќи дека градот е под опсада и „во криза“.
– На илјадници цивили им е потребна помош за да си ги спасат животите. На многу постари луѓе им е потребна медицинска нега или нивната подвижност е ограничена, им треба начин да избегаат од апокалипсата – додаде тој.
Генералниот секретар вчера се сретна со претседателот на Украина и министерот за надворешни работи, Дмитриј Кулеба, по посетата на Москва, каде што се сретна со претседателот на Русија, Владимир Путин и министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров.