НУКЛЕАРКИ „ЗА СИТЕ ПАРИ“ За што сонува Ким Јонг Ун?

Градењето нуклеарна сила служи за сигурна заштита на достоинството и суверенитетот на државата и народот - нагласи Ким.

210

Севернокорејскиот лидер Ким Jонг Ун изјави дека крајната цел на неговата земја е да ја поседува најмоќната нуклеарна сила во светот. Ким го објави ова синоќа на церемонијата на унапредување на десетици официјални лица и научници вклучени во неодамнешното лансирање на најголемата севернокорејска балистичка ракета, објавија севернокорејските државни медиуми.

– Градењето нуклеарна сила служи за сигурна заштита на достоинството и суверенитетот на државата и народот, а нејзината крајна цел е да ја поседува најмоќната стратешка сила во светот, апсолутна моќ без преседан во овој век – нагласи Ким.






Северна Кореја минатиот петок тестираше интерконтинентална балистичка ракета Хвасонг-17, објави државната новинска агенција КЦНА. Ракетата достигна височина од 6.000 километри, покривајќи дострел од 1.000 километри и падна на околу 200 километри западно од островот Ошима во северната префектура Хокаидо, соопштија јапонските власти.

Ким го нарече Хвасонг-17 најмоќното стратешко оружје во светот и рече дека тоа ја покажува одлучноста и способноста на Северна Кореја на крајот да ја изгради најсилната војска во светот.

Поврзани содржини