Заменик министерот за правда од ДУИ, Агим Нухиу, вели дека тој и неговата партија не се чувствуваат виновни за одлуките на судот, вклучувајќи го и случајот Алфа.
Нухиу уверува дека кадрите на ДУИ во времето кога го воделе овој ресор направиле најдобро што можеле.
– Секако дека не можеме да се чувствуваме виновни за одлуките што ги носи судството, бидејќи имаме работа со засебни овластувања. Сакам да го истакнам тоа однапред за мислење, дека кадрите кои го водат Министерството за правда имаат свои ингеренции – истакна Нухиу во емисијата „Пат кон“ на телевизија Алсат-М.