На место за одмор на нудисти во Берлин се случил мал инцидент. Дива свиња со две младенчиња украла пластична кеса во која имало лаптоп од еден од нудистите.
Кога видел дека дива свиња му ја украла торбата, голиот човек започнал да ја брка, во време кога во излетничката област имало околу 20 лица – јавува ББЦ.
На фотографиите што се појавија на социјалните мрежи се гледа средовечен маж како брка дива свиња којашто ја носи украдената торбата и бега заедно со нејзините две младенчиња.

Ова не е прв пат животните да украдат работи од луѓе – пред неколку дена, исто така, во Берлин, е откриена лисица како краде чевли од луѓето и влечки што ги оставиле во градините.