НУДАТ ПО 15О ЕВРА ЗА ГЛАС УКРАДЕНИ ОД НАРОДОТ Во време на поткуп Мицкоски потсетува на вечната мисла од Пабло Неруда

. Народе на Македонија, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци мора да знаете мојата битка е и ваша битка, а целата ни е иста. Земете учество во создавањето на новата иднина, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот завршен централен митинг во Штип.

1,686

Пабло Неруда пишуваше „можете да исечете цвет, но не можете да ја спречите пролетта да дојде!“. Новата иднина доаѓа. Подгответе се, а со новата иднина доаѓаат подобри времиња за сите луѓе во Македонија. Народе на Македонија, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци мора да знаете мојата битка е и ваша битка, а целата ни е иста. Земете учество во создавањето на новата иднина, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот завршен централен митинг во Штип.

Оваа наша генерација, кажа тој, е таа која ќе се избори за промените, затоа излезете и гласајте.






„Тоа е најдобар одговор и на поткупот кој го прават овие денови и на притисоците. 150 евра по глас кои ги нудат знајте дека тоа се вашите пари, украдени во туѓите џебови. Но, треба да знаете  зад параванот сте сами. Вие и вашето ливче, вие и вашата желба за иднина. Вие и нашата заедничка иднина“, порача Мицкоски.

Поврзани содржини