Новозаразени две работнички од иста текстилна компанија од Штип

Епидемиолозите денеска прават поширока анкета на контактите и утврдуваат дали овие слуачи се поврзани или станува збор за два кластери.

438

Две текстилни работнички од иста конфекција и еден лекар од приватна здравствена ординација се новите случаи на заразени со коронавирус во Штип.

Двете работнички работат во конфекција од околу сто вработени, а до своите работни места користат и ист автобус со работнички од други две конфекции, информираат од здружението „Гласен Текстилец“.






Епидемиолозите денеска прават поширока анкета на контактите и утврдуваат дали овие слуачи се поврзани или станува збор за два кластери.

Епидемиолозите земале 11 брисеви од кои седум се поврзани со текстилните работнички.

Поврзани содржини