Новозаразени 166 граѓани од ковид-19, десетмина мртви

877
Во последните 24 часа се направени 1049 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19. Во Скопје има 88 новозаразени, двајца во Куманово, Штип 4, Прилеп 11, Тетово 13, Струга 11, Велес 1, Охрид 13, Кавадарци 4, Гостивар 7, Крива Паланка 2, Крушево 1, Кочани 2, Пробиштип 2, Виница 1, Кичево 2, и двајца во Неготино, информира Министерството за здравство.

 

Починати се 10 лица, двајца пациенти од Скопје (86 и 66г), еден од Куманово (72г), двајца од Штип (59 и 55г), тројца пациенти од Прилеп (79, 74 и 78г), еден од Охрид (82г) и еден пациент од Радовиш (65г). Пациентите се починати во болнички услови.

 






Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 416 оздравени пациенти.

 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 85494, бројката на оздравени пациенти е 66209, на починати е 2581, а бројот на активни случаи изнесува 16704. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

 

• Скопје 37009, активни 10231
• Куманово 4838, активни 476
• Дебар 661, активни 116
• Штип 3350, активни 191
• Прилеп 4325, активни 413
• Тетово 4833, активни 705
• Струга 2080, активни 229
• Велес 2828, активни 394
• Битола 3096, активни 430
• Охрид 2527, активни 432
• Кавадарци 2226, активни 484
• Гостивар 3436, активни 451
• Гевгелија 1202, активни 231 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 207 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2360, активни 440
• Крива Паланка 651, активни 102
• Радовиш 633, активни 71
• Крушево 169, активни 29
• Кочани 1637, активни 179
• Пробиштип 459, активни 34
• Демир Хисар 239, активни 33
• Македонски Брод 223, активни 13
• Пехчево 159, активни 21
• Берово 531, активни 66
• Валандово 317, активни 41
• Виница 458, активни 59
• Делчево 677, активни 201(183 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 195, активни 10
• Свети Николе 1047, активни 68
• Кичево 1599, активни 183
• Ресен 664, активни 122
• Неготино 1065, активни 249 (170 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

 

Направените 1049 теста се преку: ИЈЗ-174, ЦЈЗ Скопје-53,  Авицена-185, Биотек-125, МАНУ -115,  Жан Митрев (Филип Втори)-96, Систина со PCR метода -162, лабораторија Лаор –63, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-1, ГАК-0, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -75, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 411.040 тестирања на ковид -19.
Поврзани содржини