Новозаболените ги диктираат мерките, Комисијата утре решава дали ќе ги олабави
Се очекува од утре да почне и скрининг на населението за откривање на асимптоматските случаи, што го најави министерот за здравство, Венко Филипче, во минатата недела, но и за тоа детали ќе прецизираат од Комсијата за заразни болести.
Дали ќе има олеснување на мерките против ширење на корона вирусот зависи од бројот на новозаболени, а предлог-одлуката се очекува да ја донесе Комисијата за заразни болести на утрешниот состанок.
Денеска има нови 20 случаи на заразени со ковид-19 во земјата и за среќа, не е регистриран смртен случај поврзан со вирусот.
Се очекува од утре да почне и скрининг на населението за откривање на асимптоматските случаи, што го најави министерот за здравство, Венко Филипче, во минатата недела, но и за тоа детали ќе прецизираат од Комисијата за заразни болести.
Се планира тестирање на 400-500 лица, а ќе бидат опфатени одредени категории на граѓани: здравствени работници, вработени во градинките, во домовите за стари лица, а потоа и припадници на полицијата, таксистите, возачите во ЈСП, вработените во јавни служби, пациентите пред да бидат примени во болница, како и лица кои примаат биолошка терапија.
Скринингот ќе го прават матичните лекари, а беше најавено дека во овој процес ќе бидат вклучени и матичните стоматолози, но за нив се уште нема одлука да почнат со работа и засега функционираат само итните стоамтолошки служби.
Од Министерството за здравство вчера нагласија дека сите досегашни мерки за заштита од корона вирусот важат и апелираат граѓаните да се придржуваат до истите – да ја почитуваат забраната за групи поголеми од две лица, да се држи дистанца од најмалку два метра и задолжително да носат заштитна опрема за лице, во случај кога просторот меѓу граѓаните е помал од пропишаното.