НОВОТО ШТЕЛУВАЊЕ НА БАЛАНСЕРОТ ПОД ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР Левица трди дека Алити сакал да обезбеди места за членови на Алтернатива

Од партијата тврдат дека со ваквото флагрантно кршење на законот, министерот Алити вештачки го зголемува бројот на припадници на албанското малцинство, со цел повеќе работни места во институции кои дејноста ја вршат на централно и локално ниво да припаднат на партиските членови на Алтернатива.

388

Левица поднесе иницијатива за вонреден инспекциски надзор против Министерството за информатичко општество и администрација, кое со новото штелување на балансерот, директно ги прекрши Законот за вработени во јавниот сектор и Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор.

Од партијата сметаат дека министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, спротивно на Законот за вработените во јавниот сектор, како основ за пресметка на работни места по „етничка” припадност, во веб-алатката балансер го додаде и нерезидентното население.






– Со ваквото флагрантно кршење на законот, министерот Алити вештачки го зголемува бројот на припадници на албанското малцинство, со цел повеќе работни места во институции кои дејноста ја вршат на централно и локално ниво да припаднат на партиските членови на Алтернатива.Со цел етно-трибалистички партиски вработувања, во вкупниот број на попишани ги додаваат и лицата за кои од пописните резултати не може да се утврди припадност на етничка заедница – велат од Левица.

Дополнително, додаваат од партијата, не е јасно на кој начин министерот од Алтернатива дефинирал како попишаните од дијаспората, со странска адреса на живеење, во која општина во Македонија ќе се бројат.

– Ова претставува продолжение на политиките на етно-инжинеринг, кои кулминираа со спроведување неевропски попис, спротивен на стандардите на Еуростат, во кој се попиша и дијаспората. Нефункционалноста и поделбите по етничка линија на македонското општество се експлицитно видливи две децении по носењето на Рамковниот одговор, од кој единствено бенефит имаат функционерите од тн албански политички блок – додека обичните граѓани, без разлика на нивната етничка припадност, масовно се иселуваат од државава – велат од левица.

Поврзани содржини