НОВОТО МОМЧЕ НА КИМ КАРДАШИЈАН ИМА ПОСЕБНО ПРАВИЛО Ако таа го прекрши, нивната врска е готова!
Новото момче на Ким Кардашијан, Пит Дејвидсон, откри што никако нема да толерира на рандевуто.
Комичарот Пит Дејвидсон (28) е сегашното момче на ријалити ѕвездата Ким Кардашијан (41). Овој симпатичен комичар имал многу успешни први емотивни средби, но сепак, се држи до едно правило што секоја девојка којашто ќе ја однесе на вечера мора да го почитува.
Дејвидсон брзо се здоби со репутација на опасен заводник, во последните години беше во љубовни врски во некои од најубавите жени во забавната индустрија, од поп-ѕвездата Аријана Гранде (27) преку актерката Кејт Бекинсејл (48), топмоделот Каја Гербер до старлетата Ким Кардашијан.
Комичарот и ѕвезда на „Saturday Night Live“ зборуваше за својот љубовен живот во подкаст и сподели една работа што му е многу важна на состанокот, пренесува Men’s Health.
„Ако одите во одличен ресторан, дури и ако рандевуто е ужасно, барем можете да кажете дека храната беше одлична. Па, барем сте се најале“, рекол комичарот, кој работел како тинејџер во ресторан на семеен пријател.
Дејвидсон во интервјуто изјавил и дека има посебно правило кога се во прашање рестораните, вечерите и љубовните средби. Овој 28-годишен комичар признал дека веднаш станува од столот ако девојката со која излегол на вечера биде груба и безобразна кон келнерот:
„Најдобрите лекции што ги научив беа од работата во ресторан“, продолжил тој. „Научив како да работам со луѓе, научив како да се однесувам со одредени луѓе кои не те сакаат“, истакнал Дејвидсон, кој се заколнал дека ниту една девојка со која излегува нема да ѝ го толерира грубото однесување кон персоналот во ресторанот, што веројатно се однесува и на неговата сегашна девојка Ким Кардашијан.