„Новости“: Грција останува затворена и по 1 октомври за трети земји

788

Грција донесе одлука границите да останат затворени за граѓани oд трети земји, неофицијално дознава српскиот портал „Новости“.

„Ни по 1 октомври, Грција нема да биде отворена за нашите граѓани. Тоа значи дека е продолжена забраната за влез во Грција на државјани од трети земји, во кои спаѓа и Србијa“, пишува „Новости“.






Поради неповолната епидемиолошка состојба во земјата, грчките власти забранија влез на српски  граѓани на почетокот на јули, а таа одлука беше продолжувана во неколку наврати.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека со соседите се разговара за отворање на границите во ист момент и без ПЦР тест. Останува да видиме во деновите што следат што ќе биде конечната одлука.

Поврзани содржини