НОВОСАЃАНКА СЕ ОДВРЗАЛА ОД ПАДОБРАНОТ, ЈА НАШЛЕ МРТВА Несреќа со парасеjлинг ја потресе Будва

Парасеjлингот е адреналински спорт кој им овозможува на учесниците да летаат над водата додека се влечени од глисер, додека се прицврстени на падобран. Српските медиуми пишуваат дека 19-годишната девојка сама се одврзала од падобранот и го соблекла безбедносниот елек скокајќи од 50 метри во водата.

8,449

Тинејџерка (19) од Нови Сад загина во Будва додека летала со параглајдер, а снимка на која се гледа како девојката сама се одврзува од падобранот го обиколи интернетот.  Српскиот портал Мондо тврди дека ја добил снимката, но дека нема да ја објави поради вознемирувачката содржина.

Според Мондо, на видеото девојката го откачува падобранот, потоа го соблекува безбедносниот елек и скока од висина од 50 метри.






„Деталите што претходеа на оваа трагедија не се познати“, се вели во написот на српскиот медиум.

Мондо пишува дека тинејџерката по падот веднаш била пренесена со брод до градската марина, каде што екипата на брзата помош можела само да ја потврди нејзината смрт.

Парасеилингот е адреналински спорт кој им овозможува на учесниците да летаат над водата додека се влечени од глисер, додека се прицврстени на падобран.

Ожалостениот татко на повреденото девојче, Горан Р., зборуваше за српскиот портал Република.

– Вистина е, се случи несреќа. Само што бев на пат кон таму. Не можам да ви кажам ништо друго, ме разбирате – изјавил таткото.

 

Поврзани содржини