НОВОГОДИШНО ОДБРОЈУВАЊЕ ВО ДАЈМОНД МОЛ Отворен Новогодишниот базар, виртуелно патување на Северниот пол
Програмата за деца продолжува на 27 декември со креативна работилница за новогодишни украси од шишарки и памук, а истиот ден децата ќе можат да се дружат со Дедо Мраз од Заз.
Продолжува новогодишната магија во Дајмонд мол. Денеска почнува Новогодишниот базар, кој ќе понуди голем избор на подароци и сувенири во празничен дух. Новогодишниот базар ќе трае до 28 декември, а во истиот период посетителите ќе можат да уживаат во виртуелно патување на Северниот пол и да пазаруваат во продавниците на Дедо Мраз.
Викендите до Нова година ќе бидат исполнети со атрактивни содржини за најмладите. Па така, на 20 декември ќе се одржи концертот со детски песни „Поточиња“, а на 21 декември ќе биде организирана креативна работилница на која децата ќе бојат и украсуваат новогодишни ѕвезди и снегулки и ќе се одржи филмски маратон посветен на доживувањата на омилените детски јунаци Биби и Боби.
Програмата за деца продолжува на 27 декември со креативна работилница за новогодишни украси од шишарки и памук, а истиот ден децата ќе можат да се дружат со Дедо Мраз од Заз. 28 декември е резервиран за уште една креативна работилница, овој пат за изработка на новогодишни елки од хартија, но и за големиот новогодишен концерт на Биби и Боби.
Дополнително, посетителите на Дајмонд мол, во текот на викендите ќе можат да направат новогодишни фотографии со магичното огледало, но и да ја искористат специјалната апликација за умните деца да го известат Дедо Мраз со порака и да добијат диплома од него.
Дајмонд мол ја започна новогодишната програма на 6 декември со понуда на разновидни содржини. Се одржаа неколку креативни работилници, како и работилница со популарниот лик од истоимената книга Исидора Мун, во соработка со издавачката куќа Литература. Беше организирано и големото шоу со Петко и фамилијата 5+, а се изработуваа и украси од чоколадо со познатиот лик Роки од Винчини.