НОВОГОДИШНА ДОНАЦИЈА НА „SPORT LIFE“ Пакетчиња во повеќе институции за деца и млади
Претставниците на „Sport Life“ донираа во Детскиот дом „11 Октомври“ во Скопје, Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Куманово, здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“ од Куманово
Во пресрет на новогодишните празници „Sport Life“ донираше новогодишни пакетчиња во повеќе институции за деца и млади од ранливи категории.
Во текот на минатата и оваа недела претставниците на „Sport Life“ ги посетија: Детскиот дом „11 Октомври“ во Скопје, Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Куманово, здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“ од Куманово и притоа ги израдуваа со новогодишни пакетчиња.
– Најголема и најважна е радоста и среќата на децата, затоа за новогодишните празници „Sport Life“ својата хумана мисија ја насочи кон децата од ранливите категории, подарувајќи им новогодишни пакетчиња, со желба да им ги разубавиме новогодишните празници и да им посакаме радосно и безгрижно детство. Воедно, во оваа пригода Ви ја честитаме Новата година и ви посакуваме најубави желби и среќни празници на сите – истакнуваат од „Sport Life“.
„Sport Life“, како и досега, така и во иднина ќе продолжи со реализација на хуманитарни и општествено одговорни активности, за подобрување и унапредување на животот, спортот и за поддршка и помош на оние на кои таа им е најпотребна.