НОВОГОДИШЕН БАЗАР ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ Од 16 до 31 декември уживајте во магична атмосфера

Богата програма со концерти и музички звезди, украсена магична атмосфера, како и традиционален базар со мирис на цимет, ванила и различни бои на украси за продажба.

125

Новогодинешен и божиќен базар ќе се одржи во Ист гејт мол од 16 до 31 декември под отворено небо, на платото на амфитеатарот на трговскиот центар.

Богата програма со концерти и музички звезди, украсена магична атмосфера, како и традиционален базар со мирис на цимет, ванила и различни бои на украси за продажба.






Амфитеатарот како место на случување е безбедно место далеку од градскиот метеж, и далеку од булеварите и сообраќајниците. Новогодишниот пазар е традиција во нашата земја и посетителите на Ист гејт мол ќе уживаат во прекрасна атмосфера, забава и шопинг и низа придобивки како бесплатен паркинг, чување миленичиња до 4 часа и многу друго.

Ист гејт мол е најголемиот урбан трговски центар во нашата земја, од најновата генерација, во кој може да се најдат сите меѓународни брендови на едно место. Ист гејт мол се простира на 160.000 м2 бруто изградена површина и 57.000 м2 површина за изнајмување.

Дојдете и почувствувајте ја магичната приказна во Ист гејт мол, повикуваат организагорите.

Поврзани содржини