НОВО ЗАДОЛЖУВАЊЕ ОД РЕЧИСИ 48 МИЛИОНИ ЕВРА Издадени се државни обврзници со рок на враќање од 15 години

Вчера, на прес-конференција за претставување на ребалансираниот буџет  министерката за финансии најави дека дел од дефицитот на буџетот кој со ребалансот се искачи на 720 милиони евра ќе биде финансиран со задолжување на домашниот пазар.

1,092

Прво задолжување на државата од речиси 48 милиони евра на домашен пазар по формирањето на новата влада. Денеска на  Македонска берза излегуваат нови државни обврзници со рок на враќање од 15 години. Министерството за финансии ја издало пред една недела.

Според информацијата од берзата, овие хартии од вредност се без девизна клаузула. Емисијата е со вредност од 2.947.340.000 денари (47,87 милиони евра). Издадени се 294.734 обврзници со единечна номинална вредност од 10.000 денари. Каматна стапка е 5,6%.






Вчера, на прес-конференција за претставување на ребалансираниот буџет  министерката за финансии најави дека дел од дефицитот на буџетот кој со ребалансот се искачи на 720 милиони евра ќе биде финансиран со задолжување на домашниот пазар.

Поврзани содржини