НОВО ЗАДОЛЖУВАЊЕ ОД 548 МИЛИОНИ ЕВРА, БУЏЕТСКИОТ ДЕФИЦИТ РАСТЕ Левица предупредува дека јавниот долг тешко ќе се сервисира

Левица се повикува на сопствената изборна програма во која се предлага целосна ревизија на јавниот долг и воведување на златно правило за јавните трошења.

112

Државата нема да може да го сервисира јавниот долг во иднина бидејќи продолжува нејзиното задолжување. Ние граѓаните ќе треба да вратиме 1,8 милијарди евра по основ на камати, реагира партијата Левица.

„Новата министерка за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, иако на прес-конференција во Владата најави нови задолжувања кон крајот на годината, таа веќе инстантно ја задолжи државата за нови 48 милиони евра преку државна обврзница издадена на 11 јули со рок на доспевање од 15 години. Ако се додаде најавеното задолжување на премиерот Христијан Мицкоски од 500 милиони евра со кредит од Република Унгарија, вкупниот Јавен долг би бил на највисоко ниво од скоро 9 милијарди евра. Со ваква состојба Македонија ќе се соочи со проблеми при сервисирање на долгот – само до 2028 година. Ние граѓаните ќе треба да вратиме 1,8 милијарди евра по основ на камати“, се вели во рекацијата.






Од партијата реагираат и на  ребалансот на буџетот.

„Продолжува практиката на кратење на капиталните инвестиции секоја година. 325 милиони евра средства наменети за капитални инвестиции се прераспределени кон други намени, со продолжува непродуктивното трошење народни пари од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, во стилот на нивните претходници. Со ваквата политика буџетскиот дефицит е зголемен за дополнителни 181 милиони евра“, стои во рекацијата

Левица се повикува на сопствената изборна програма во која се предлага целосна ревизија на јавниот долг и и златно правило за јавните трошења.

„ Целосна ревизија на јавниот долг и покренување на постапка за одговорност и рефундација од надлежните функционери кои недомаќински и расипнички трошеле за време на нивниот мандат како и  воведување златно правило за јавните трошења, со цел да се спречи дополнителен раст на јавниот долг за непродуктивни цели, односно да се оневозможи креирање нов јавен долг за тековни трошења, туку само за капитални инвестиции“, се вели во реакцијата.

Поврзани содржини