Ново сведоштво на девојка чија фотографија била објавена во „Јавна соба“: Ми се заканија дека ќе ми го уништат животот, морав да му кажам на татко ми
Вечерва уште една девојка, која за разлика од Ана сакаше да остане анонимна, на социјалните мрежи го раскажа своето грдо искуство со групата „Јавна соба“ на Телеграм.
Откако деновиве повторно стана актуелна темата со ширењето експлицитни фотографии и лични информации на девојки во групата „Јавна соба“ на Телеграм, неколку девојки решија да ги споделат своите приказни во јавноста и да побараат помош од полицијата.
Прва што го скрши мразот беше 28-годишната Ана која ја раскажува целата случка, како била земена нејзина фотографија од Инстаграм, како бил објавен нејзиниот телефонски број во групата „Јавна соба“…
Вечерва уште една девојка, која за разлика од Ана сакаше да остане анонимна, на социјалните мрежи го раскажа своето грдо искуство со групата „Јавна соба“ на Телеграм.
Таа објаснува дека одеднаш многу луѓе почнале да ѝ го испраќаат својот полов орган на социјалните мрежи, откако, како што вели, во „Јавна соба“ била објавена нејзина фотографија која таа лично пред четири години му ја испратила на тогашното момче. Откако дознала за тоа, девојката се затворила во себе и поради голем срам не излегувала од дома.
Но, работата излегла од контрола кога добила анонимен повик од човек кој ѝ рекол дека ќе ѝ го уништи животот со таа фотографија, па таа веднаш му кажала на својот татко и пријавила во полиција. Полицијата, како што вели, не успеала да му влезе во траг на заканувачот, па девојката сама решила да ја води битката. Со помош на апликација успеала да ја пронајде ИП адресата на заканувачот и сфатила дека се работи за поранешното момче на нејзина другарка.
Во продолжение ви го пренесуваме нејзиното сведоштво: