НОВО СТРАШНО ВИДЕО ОД КАБУЛ Авганистанец се снимал додека се држел за надворешната страна на авионот додека полетува (ВИДЕО)

Видеото го покажува очајот што владее во Кабул, во кој талибанците влегоа пред три дена. Луѓето на секој начин се обидуваат да излезат од земјата и да си го спасат животот.

1,753

Се појави ново застрашувачко видео од Авганистан, а на кое се гледа како човек го снима полетувањето на авионот на пистата, додека тој се држи за надворешноста на авионот.

Човекот не е сам во овој „подвиг“. Имено, има повеќе луѓе со него.






Видеото го покажува очајот што владее во Кабул, во кој талибанците влегоа пред три дена. Луѓето на секој начин се обидуваат да излезат од земјата и да си го спасат животот.

На прикажаното видео можете да видите колку се задоволни луѓето што на некој начин се качиле на авионот, тие дури им мавтаат на луѓето што остануваат на земја.

Да потсетиме, се појавија неколку видеа, кои снимаат сцени од надворешната страна на авионот. Луѓето се качуваат на авионот со надеж дека ќе го преживеат летот и ќе се најдат на подобро место од нивната земја во моментов.

За жал тоа не беше така, на едно видео кое го објавивме, можеше да се види како од авион што полетува од воздух паѓаат луѓе кои се држеле за него.

Поврзани содржини