НОВО СРЕБРО И БРОНЗА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ТАЕКВОНДИСТИ Филип и Анамарија триумфираа на Купот во Истанбул

Воедно, Филип и Анамарија со ова освоија бодови за да се квалификуваат на следната Олимипијада која ќе биде во Париз, 2024 година.

461

Сребрен и бронзен медал освоија нашите Филип Додевски, во машка и Анамарија Георгиевска во женска категорија на еден од најсилните таеквондо турнири во светот, Президент Купот во Истанбул, јавува МИА. Воедно, Филип и Анамарија со ова освоија бодови за да се квалификуваат на следната Олимипијада која ќе биде во Париз, 2024 година.

Филип Додевски го освои сребрениот медал во категоријата до 87 килограми, совладувајќи ги актуелниот европски шампион до 21 година, Турчинот Ахмет Кескин и второрангираниот во светот во оваа категорија, Рафаел Камалов од Русија.






Додевски во финалето загуби од Роберто Бота од Италија, носител на бронзен медал од последното Европско првенство.

Во женска конкуренција, Анамарија Георгиевска го освои бронзениот медал во категоријата до 67 килограми, со две победи над Аисе Кирачаоглу од Турција и Романката Андреа Мокаму.

Во полуфиналето Георгиевска загуби од Турчинката Атанасија Митсополу.

Навистина ни тргна со таеквондото. По среброто на Дејан Георгиевски на овогодишната Олимпијада во Токио, уште два медали за Македонија во иста година. Сепак, на Купот во Истанбул, Дејан овојпат не настапи заради повреда, а свои забележителни настапи имаа и нашите таеквондисти Филип Стаменов и Марко Аврамовски.

Поврзани содржини