НОВО ПУКАЊЕ ПРЕД ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО СРБИЈА Убиени се две момчиња, полицијата ги затвори сите излези од Нови Сад

Полицијата уапсила четворица осомничени за учество во оваа пресметка, а според првите и неофицијални информации се сомнева дека пресметката била поради дрога.

1,179

Во престрелката што ноќеска околу полноќ се случила пред основното училиште „Десанка Максимовиќ“ во новосадската населба Футог во Војводина, убиени се две млади момчиња, а во полициска акција уапсени се четири лица.

Еднното момче било убиено на лице место, додека другото починало од здобиените рани во болница.






Полицијата уапсила четворица осомничени за учество во оваа пресметка, а според првите и неофицијални информации се сомнева дека пресметката била поради дрога.

Според српските медиуми во престрелката што се случила ноќеска убиен е Н.Ш. (19), а денеска починал уште еден млад човек М.М. (20) кој бил ранет.

Д-р Зоран Круљ, портпарол на Итната помош во Нови Сад, изјави дека првиот повик бил примен 17 минути по полноќ, а потоа 51 минута подоцна следел вториот повик, кога полицијата на местото на настанот пронашла уште едно младо момче без свест.

Полициските сили се засилени на сите излези и влезови во градот.

Поврзани содржини