НОВО ПРИЗНАНИЕ ЗА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ Прогласен за „најпријатно аеродромско искуство во Европа“
Оваа награда која е светски репер за квалитет на аеродромските услуги, ACI ја доделува на Меѓународниот Аеродром Скопје по 10-ти пат.
На свечена церемонија, која е дел од годишниот Самит за аеродромско искуство на ACI World, што се одржа во Гуангжу, Кина – Меѓународниот Аеродром Скопје ја доби статуетката која ја претставува престижната награда за квалитет на аеродромските услуги (ASQ) за 2024-та година, овој пат за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“, информираат од ТАВ Македонија.
Оваа награда која е светски репер за квалитет на аеродромските услуги, ACI ја доделува на Меѓународниот Аеродром Скопје по 10-ти пат.
Наградата е одраз на мислењата на патниците и Меѓународниот Совет на Аеродроми (ACI) и се доделува врз основа на анкетите коишто се спроведуваат на патниците во заминување.
Програмата за квалитет на аеродромските услуги (ASQ program) е водечка светска програма за мерење на искуството на клиентите на аеродромите.
Досега, за 2012, 2015, 2013 и 2018 Меѓународниот Аеродром Скопје ја доби ASQ наградата – Најдобар аеродром во Европа во големината до 2 милиони патници, додека за 2019, 2020, 2021, 2022, 2023 и 2024 аеродромот ја доби ASQ наградата, но во големина од 2 до 5 милиони патници годишно, врз основа на порастот на бројот на патници кој автоматски овозможи да се натпреварува со таа група на аеродроми во регионот на Европа.