Ново предупредување за негативните ефекти на хидроксихлорокин

Министерот за здравство на Франција, Оливие Веран рече дека најновите публикации до сега „за жал не се очигледно во корист на спроведување на овој третман“, пишува француски „L’Mond“.

708

Дали хидроксихлорокин, молекула која најчесто се користи во третманот на автоимуни заболувања, како лупус или ревматоиден артритис, помага во борбата против ковид-19? Француските власти не се убедени во тоа и наведуваат случаи во кои тој предизвикал сериозни проблеми со срцето.

Запрашан за оваа тема во Сенатот во средата (22 април), министерот за здравство на Франција, Оливие Веран рече дека најновите публикации до сега „за жал не се очигледно во корист на спроведување на овој третман“, пишува француски „L’Mond“.






Според весникот, Регионалниот центар за фармаколошки надзор во Ница објави дека од 27 март до 21 април собрал информации за 96 случаи на сериозни срцеви несакани ефекти кај пациентите лечени од коронавирусот.

Бројот на сериозни срцеви несакани реакции е скоро двојно зголемен од 9 април, кога изнесуваше 54 случаи. Повеќето извештаи (83%) се однесуваат на пациенти третирани со хидроксихлорокин (HCK) или хлорохин, при што овој лек се поврзува со приближно половина случаи со антибиотикот азитромицин, a за ова неодамна несакано дејство објави и „CNN“.

Третманот со лекот калетром или комбинација на антивирусните стредства лопинавир и ритонавир се наоѓа во 16% од случаите.

Д-р Милу Даниел Дриси од Центарот вели дека е забележана „загрижувачка“ абнормалност во ЕКГ снимките кај овие пациенти, што го зголемува ризикот од синкопа (несвестица) и ненадејна смрт.

– Исто така, гледаме тешка брадикардија (забавување на работата на срцето) и други нарушувања – вели фармакологот и кардиологот.

Повеќето од овие несакани ефекти се забележани кај пациенти третирани во болнички услови (како што е пропишано со указот) и кои имаат корист од следење на електрокардиограм.

Поврзани содржини