Ново одделение за нуклеарни преговори меѓу Северна Кореја и САД

Се чини дека сигурно станува збор за нововоспоставена функција - посочи јужнокорејскиот неименуван извор.

167

Неименуван претставник на јужнокорејското Министерство за обединување на двете Кореи денеска изјави дека најверојатно во севернокорејското Министерство за надворешни работи е формирано ново одделение за нуклеарните преговори со САД.

Тој додаде дека Северна Кореја „го изгубила интересот за дијалог и оти ќе оди по својот пат“.






Неговата изјава предизвика шпекулации дека станува збор за новоформирано одделение, бидејќи такво тело не се спомнувало во севернокорејските медиуми, а МНР на Северна Кореја веќе има одделение посветено само на односите со САД.

– Се чини дека сигурно станува збор за нововоспоставена функција – посочи јужнокорејскиот неименуван извор.

Во вчера објавеното соопштение на севернокорејското МНР, Пјонгјанг го обвини американскиот државен секретар Мајк Помпео поради неговото залагање за задржување на санкциите кон Северна Кореја.

Поврзани содржини