НОВО ЛИЦЕ НА УЧИЛИШТЕТО ВО КРКЛИНО Започна голема реконструкција вредна над 3 милиони денари

Со средства од Министерството за образование започна реконструкција на подрачното училиште во Крклино, со цел подобри услови за учениците и наставниот кадар.

78

Градежни работи веќе се одвиваат на објектот на подрачното училиште во селото Крклино, кое функционира во рамки на основното училиште ООУ „Александар Турунџев“.

Со проектот е предвидена целосна реконструкција на објектот, кој располага со две училници, канцеларија, ходник и санитарни простории. Ќе се менува кровната конструкција, ќе се обнови фасадата, ќе се постави нова ПВЦ-дограма, ќе се заменат подовите и ќе се извршат молеро-фарбарски работи во внатрешноста.






Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, изврши увид во текот на работите заедно со одговорните лица од проектот.

– Инвестираме во подобри услови за образование и достоинствен престој на учениците и наставниците. Оваа реконструкција е на барање на жителите и претставува уште еден чекор кон модернизација на училиштата во руралните средини – изјави Коњановски.

Проектот се реализира со финансиска поддршка од Министерство за образование и наука на Северна Македонија, а неговата вредност изнесува 3,38 милиони денари.

Со обновата се очекува значително да се подобрат условите за одвивање на наставата и квалитетот на воспитно-образовниот процес за учениците од овој дел на општината.

Поврзани содржини