Кожувчанка претстави нов освежителен пијалак. Сега, природната газирана вода Кожувчанка богата со минерали има и додаток на витамини, со освежителни вкусови за едно поинакво, неодоливо искуство.
– Ви ги претставуваме Кожувчанка Wellness и Кожувчанка Active. Кожувчанка Wellness е збогатена со природна арома на портокал и со природен екстракт од ѓумбир кој има смирувачки ефект, релаксира и ослободува од напнатост со што позитивно влијае на имунолошкиот систем. Со додаток на витамин B6, Кожувчанка Wellness придонесува и за создавање на црвените крвни зрнца!Кожувчанка Active се произведува со додаток од екстракт од гуарана и женшен. Тие, како природни извори на енергија, го подобруваат вашиот ментален и физички капацитет. Кожувчанка Wellness содржи витамин B12 и B6, коишто придонесуваат за нормално искористување на енергијата и намалување на заморот и исцрпеноста – велат од компанијата.
Газираните води Кожувчанка Wellness и Кожувчанка Active може да ги најдете во амбалажа од 0,5L и 1,5L погодни за секоја прилика, без разлика дали сакате да се освежите по тренинг или да уживате во текот на денот на работа или дома.
– Секогаш, во секое време имате потреба од вода, освежување, минерали и витамини – нагласуваат од компанијата.