Ново кошаркарско чудо пристигнува од Кина! Поради висината ја споредуваат со Јао Минг, но таа има само 14 години! (ВИДЕО)

Жанг имала повеќе од метар и половина во прво одделение, а скоро два метра во шесто одделение.

1,027

Четиринаесетгодишната Жанг Жиу е млада кошаркарка, која експертите ја оценуваат дека голема надеж, но тоа не би било чудно ако таа не беше висока 2,13 метри.

Да, добро прочитавте.






Таа стана главна тема во четвртокот кога му помогна на својот тим да ја освои титулата, постигнувајќи 42 поени со 25 скока и шест блокади.

Веднаш, сите медиуми во Кина ја споредија со легендарниот кошаркар, Јао Минг, кој беше со идентична висина. Според „Глобал тајмс“, Жанг имала повеќе од метар и половина во прво одделение, а скоро два метра во шесто одделение.

Родена е во кошаркарско семејство, а нејзината мајка беше член на кинеската репрезентација.

Нема сомнение дека веќе имаме голема sвезда во женската кошарка.

 

Поврзани содржини