НОВО КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ВО ПОЦ Ќе се купат нова цистерна и три метларки

Анализата за структурата на новиот сектор ќе почне да се прави наредната недела, а по одлука на Советот ќе се почне со нејзино спроведување, рече Герасимовски.

267

Ќе се формира ново комунално претпријатие во рамки на ЈП „Паркинзи на општина Центар“ (ПОЦ), кое ќе се грижи за хигиената во општината. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски се сретна со директорот на ПОЦ, Васко Кичевски, со кого разговарале за новата дополнителна дејност која треба да ја добие претпријатието.

Герасимовски, како што соопшти Општина Центар, во текот на изборната кампања неколкупати повтори дека ЈП ПОЦ настрана од дејноста за организирање, управување, уредување и одржување на јавните паркиралишта ќе добие дополнителна комунална дејност за одржувањето на јавната хигиена на целата територија на Општина Центар.






– На денешниот состанок разговаравме за првичните постапки кои треба да се направат во ЈП ПОЦ за да се одвои и зајакне секторот јавна хигиена во посебен нов сектор. Првично треба да се дефинира новата структура на претпријатието и постапките за префрлање на механизацијата и на хигиеничарите кои се вработени во ПОЦ. Потоа ќе се направи структура за потребните одделенија, број на координатори, поделба на општината на реони и проценка на потребните капацитети. Со ваков пристап ќе бидеме сигурни дека ќе располагаме со доволно ресурси и прецизен план на работа за да ја одржуваме општината чиста. Анализата за структурата на новиот сектор ќе започне да се прави наредната недела, а по одлука на советот ќе се започне со нејзино спроведување – изјави Герасимовски.

Од Општината додаваат дека се зајакнуваат и механизациските капацитети на претпријатието со нова цистерна за чистење на улиците која треба да пристигне најдоцна до февруари наредната година. Претпријатието треба да добие и три метларки и дополнителна една помала за чистење на пешачките зони.

Поврзани содржини